Еуфорија во Италија: Ибрахимовиќ се враќа во Милано!?


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ игра одличен фудбал дури и на неговите 37 години во Америка.

Ибрахимовиќ нема намера да се пензионира, но има договор со Лос Анџелес галакси до 2019. година.

Италијанските медиуми шпекулираат дека агентот на Ибра, Мино Рајола, преговарал со неговиот поранешен клуб Милан.

Наводно, „росонерите“ би сакале да се врати Швеѓанецот во нивната екипа, а Џенаро Гатузо покажал желба да добие играч како Ибрахимовиќ.

Се планира Ибра да се пресели во Милан во јануари и да потпише договор до крајот на сезоната.

Не е тајна дека сопругата на Швеѓанецот го сака Милано и дека планира таму да живее, откако Ибра ќе се пензионира.

Иако во кариерата настапуваше за голем број клубови, Ибра никогаш не криеше дека најубаво се чувствувал во Милано.

Да потсетиме, Ибрахимовиќ две години играше во Милан и постигна 56 голови, а притоа го освои Скудетото.