Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на руски Зенит, Леандро Паредес веќе некое време е голема желба на Челси, а додека управата на лондонскиот гигант бира меѓу него и Барела, 24-годишниот Аргентинец реши да ги земе работите во свои раце.
Паредес на својот твитер-профил објави едно видео на навивач, на кое пишува „Леандро Паредес – Добродојде во Челси“.
Ова дополнително ги загреа шпекулациите, но и навивачите на Челси, па останува да се види дали управата на клубот го делат нивното мислење.
Паредес веќе година ипол настапува за Зенит, а претходно настапуваше за Рома, која го продаде за сума поголема од 25 милиони евра.