Еуфорија во Мадрид: Реал Мадрид го заменува Модриќ со нова голема ѕвезда!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Европа разгледува неколку опции за засилувања во јануари, а наводно добиле предлог да го ангажираат фудбалерот на Лион, Набил Фекир, на кого летоска му пропадна трансфер во Ливерпул.

Јануарскиот преоден рок е добра шанса за „кралевите“, кои мора да се засилуваат, а „Марка“ пишува дека претседателот Флорентино Перез размислува за Фекир, кој има договор до 2020 година.

Наводно, Лион не сака да го пушти Фекир за помалку од 100 милиони евра, па ќе треба Перез добро да се потроши за да го ангажира квалитетниот фудбалер.

Фекир сезонава одигра 16 натпревари во француската Лига 1 и Лигата на шампиони, па постигна шест голови и четири асистенции.