Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан не ја почна најдобро сезоната во италијанската Серија А, па по четири одиграни натпревари има освоено пет бодови, па тоа е причина за да се засилува дополнително зимава, а очигледно не се откажале од своите планови.
„Калчомеркато“ пишува дека „росонерите“ се подготвуваат да испратат понуда за играчот на Зенит, Ленадро Паредес.
При заминувањето од Рома, Передес се поврзуваше со многу клубови, но 24-годишниот Аргентинец реши да се пресели во Русија за 25 милиони евра.
А, сега по сезона ипол би можеле повторно да го видиме во Серија А доколку се реализира трансферот, а се споменува дека Милан мора да плати 35 милиони евра за неговите услуги.
Во летниот преоден рок се шпекулираше дека Ливерпул и Јувентус се заинтересирани за него, но останува да видиме дали „росонерите“ ќе бидат конкретни и ќе го купат во јануари.