Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Петар Наумоски, актуелниот претседател на кошаркарскиот сојуз на Македонија го носеше дресот со број 7 во текот на 6 поминати години во екипата на Ефес.
Екипата на Ефес тој дрес со број 7 го повлекува од употреба, а ова е прв пат на македонски кошаркар да му се оддаде такво признание.
„Ова за мене е голема чест. Им заблагодарувам на сите во клубот во кои остварив одлични резултати. Ова е нешто најголемо што може да се случи на еден поранешен кошаркар“ – изјави Наумоски.
Наумоски беше плејмејкер и лидер кога екипата ја освои единствената европска титула во 1996 година.
Свечената церемонија на повлекувањето на дресот е закажана за 9ти февруари во Истанбул пред дуелот на Ефес и Милано во Евролигата.