Жалбата едногласно одбиена: Нови големи проблеми за Емери и „Топчиите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изминатиот викенд се Тотенхем и Арсенал одиграа уште едно интересно дерби, „Топчиите“ пропуштија можност да слават, со оглед на тоа дека ударот од белата точка на Обамејанг успеа да биде одбранет од Уго Лјорис.

Потоа, од голема желба да го врати поседот на својата екипа, Лукаш Тореира изгоре, преостро стартуваше над Дени Роуз и заработи директен црвен картон.

Заработи три меча суспензија од страна на ФА, Арсенал приложи жалба, но истата не вроди со плод.

Така Уругваецот, кој одлично се снајде на „Емирати“ откако летово пристигна од Сампдорија, ќе пропушти три важни лигашки средби, особено онаа во следното коло, кога во Лондон ќе гостува Манчестер Јунајтед, директниот ривал во битката за четвртото место на табелата.

Нема Емери да може да смета на Тореира и за дуелот со Њукасл на „Емирати“, како ниту гостувањето кај Евертон.