Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради кадровски проблем тренерот на Монако на позиција бек може да прекомандува играч кој е крило, пишуваат француските медиуми.
Настапот на Џибрил Сидибе е под голем знак прашање бидејќи сеуште во целост не се опорави од повреда, надвот од тимот е и неговата замена Алмами Туре, па поради тоа Леонардо Жардим размислува местото десен бек да го повери на Набил Дирар.
Португалскиот стручнак смета дека е мал ризик отколку Фабињо да го враќа на десната страна, бидејќи тогаш средниот ред ќе трпи доколку остане и без поливалентниот Бразилец и од порано повредениот Бајакоко.
Со Дирар на бек Жардим експериментираше во минатиот викенд против Тулуз во натпревар од 34 коло од Лига 1, кога Кнежевците славеа после пресврт со 3:1.
Овој искусен Мароканец, кој по вокација е крило, го намести третиот гол на тој натпревар, поради тоа што после продорот по десната страна одлично го проигра Том Лемар.
Сепак, во дефанзивата послабо одеше бидејќи беше виновен за водечкиот гол на Тулуз.
Монако вечерва го дочекува Јувентус во првиот полуфинален меч од ЛШ на стадионот Луј втори, почнува од 20:45 часот, а околу час време пред почетокот на натпреварите ќе бидат познати составите за кои се определија Жардим и Алегри.