Ждрепка во Индијан Велс: Ѓоковиќ добива тежок ривал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ќе ја напаѓа шестата титула на Мастерсот во Индијан Велс, а ќе почне од второто коло против квалификантот.

Доколку успешно ја помине првата пречка, тогаш би можел да игра против Ник Кирјос, против кој досега загуби двапати, колку што играа меѓусебе.

А, во истата половина од ждрепката се уште и Борна Чориќ, Доминик Тим, Стефанос Циципас. Од друга страна од ждрепката се Рафаел Надал, Роџер Федерер, Данил Медведев, Карен Хачанов, Кеи Нишикори…

Србинот се надева на успешен настап на турнирот и нова титула сезонава, откако ја почна одлично со трофеј на првиот грен-слем турнир на Австралијан опен.