Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот шампион Јувентус повторно доби обвинувања за местење натпревари во Серија А, а како причина за доминацијата на „старата дама“ се споменува тоа што, наводно, го контролираат ВАР-системот.
Директорот на телевизиската мрежа „Раи 2“, Карло Фречеро јавно го обвини гигантот од Торино за контролирање на видео-технологијата и вели дека Јуве на таков начин победува.
„Следам само Премиерлига. Зошто? Затоа што во Јувентус постојано победува Јувентус, зашто го контролира ВАР-системот“, вели Фречеро.
Инаку, Фречеро е познат како голем навивач на Рома, а овие обвинувања доаѓаат по контроверзните изјави на претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.
„ВАР-технологијата требаше да ни помогне, но се случуваат грешки и понатаму…“, кажа Де Лаурентис.