Жесус: Сакав да шутирам пенал, не сум среќен воопшто!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер сити, Габриел Жесус, се разочара откако не му беше дозволено да шутира пенал.

„Граѓаните“ имаа шанса во 85. минута да го победат Ливерпул, но важен пенал промаши Ријад Марез.

„Сакав да го шутирам пеналот, не сум среќен зашто не ми дозволија“, објасни Жесус.

Марез во неделата по петти пат од осум обиди промаши пенал во Премиерлигата.

Жесус, кој постигна два гола сезонава, откри дека Гвардиола му се извинил по натпреварот.

„Разговарав со Пеп. Ова е дел од фудбалот. Понекогаш такви работи се случуваат“, кажа Бразилецот.