Жиру нема постигнато гол веќе 13 натпревари, а Сари вели – не сум загрижен!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Сари, кажа дека не е загрижен поради тоа што Оливие Жиру нема постигнато погодок на 13 натпревари.

Жиру во Челси стигна на почетокот на годината од Арсенал, но ефикасноста во клубот не му е на високо ниво. Францускиот напаѓач веќе 13 натпревари не може да го најде патот до противничката мрежа.

Меѓутоа, италијанскиот тренер порача дека не се грижи премногу за формата на Жиру, односно дека е задоволен со својот напаѓач. Французинот досега запиша четири асистенции и тоа занего е поважно од головите.

„Пред еден месец зборувавме дека сме загрижени, зашто средината не постигнува голови, а сега почнаа да го прават тоа. Во три натпревари Баркли постигна два гола, а Лофтус три погодоци. Ако продолжиме да играме вака сигурен сум дека и напаѓачите ќе проработат. Не сум премногу загрижен поради нив, зашто тие многу допринесуваат со своите настапи“, кажа Сари.