Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонските каратисти кои учествуваа на Европското универзитетско првенство во Куимбра, Португалија, денеска во последниот финален дел од првенството постигнаа извонреден успех. Тие успеаја да ги совладаат во финалето своите противници и станаа Европски шампиони.
Членот на Макпетрол, студент на Битолскиот универзитет Факултет за Безбедност во Скопје, Петар Заборски настапи во категорија -75 кг, тој иако е прв пат на едно универзитетско натпреварување сепак успеа да стигне до финалето. Патот до финалето го избори со победите постигнати со Виктор Перез од Шпанија го победи со резултат 4-0, Копитович Видо од Црна Гора победа со 8-0, Во полуфиналето се сретна со Брашанац Немања од Црна Гора победа со 1-0, во финалето имаше борба со домаќинот од Португалија Пина Родриго Мацедо и го победи со резултат од 2-1.
Петар Заборски после првенството изјави:„За овој натпревар имав сериозни подготовки во Бар и Суто море. Можам да кажам дека го посакував златниот медал и ете успеав да го освојам. Имав многу тешки противници кои се повозрасни и поискусни, но желбата да се освои медал изгледа кај мене беше на повисоко ниво и успеав да освојам медалот. Многу сум среќен бидејќи на првиот мој настап се качив на победничкиот пиедестал и станав Европски универзитетски шампион.“
Членот на Макпетрол студентка на Филолошки факултет во Скопје,Сара Радичевска категорија -50 кг, Сара Радичевска во полуфиналната борба се сретна со Елиф Сена од Турција и победи со 3-2, во финалната борба за противник ја имаше Португалката Леал Сара, и ја победи пред истекот на времето со резултат 8-0.
Сара Радичевска ни изјави:„Јас во ниту еден момент не дозволив да има сомнеж дека овој пат јас ќе бидам носител на златниот медал. Успеав да пласирам две извонредни ножни техники во пределот на главата на мојата противничка и поведов со резултат 6-0, потоа рутински го доведов финалниот натпревар до крај. Многу сум среќна што станав европска шампионка за 2017 година.“
Селекторот на Македонската универзитетска карате репрезентација, Бошко Заборски пак истакна дека е задоволен од постигнатиот резултат и изненадувањето кое нашите каратисти го приредија во Португалија: „Задоволен сум од постигнатиот резултатски успех, направивме вистинско изненадување. Во поединечна конкуренција освоивме два златни медали и на пиедесталот успеавме да се качиме на највисоката скала два пати. Петар Заборски и Сара Радичевска беа сконцентрирани и секогаш благовремено реагираа и во делот на одбраната но и во делот на нападите и контра нападите. Тие многу го посакуваа медалот и ете желбата им се оствари. Сите сме пресреќни, бидејќи летниот период на тренирање на крај се исплатеше.“