Заврши ждрепката во Лига Европа: Познати се паровите во нокаут-фазата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска ги дознавме најпрво паровите во Лигата на шампиони (ЛШ), а сега се познати и мечовите во нокаут-фазата во Лига Европа (ЛЕ).

Во ЛШ нè очекуваат многу спектакли, а сигурно ќе биде така и во ЛЕ, 32 екипи обезбедија пласман во нокаут-фазата, а конечно беа дознати и паровите.

Во првиот шешир беа: Баер Леверкузен, Салцбург, Зенит, Динамо Згреб, Арсенал, Бетис, Вилјареал, Франкфурт, Генк, Севилја, Динамо Киев, Челси, Наполи, Валенсија, Интер и Бенфика.

Во вториот шешир беа: Цирих, Селтик, Славија Прага, Фенербахче, Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Рапид Виена, Лацио, Малме, Краснодар, Рен, БАТЕ Борисов, Викторија Плзен, Клуб Бриж, Шахтер и Галатасарај.

Паровите се следни: Викторија Плзен – Динамо Загреб, Клуб Бриж – Салцбург, Рапид Виена – Интер, Славија Прага – Генк, Краснодар – Баер Леверкузен, Цирих – Наполи, Малме – Челси, Шахтер – Франкфурт, Селтик – Валенсија, Рен – Бетис, Олимпијакос – Динамо Киев, Лацио – Севилја, Фенербахче – Зенит, Спортинг Лисабон – Вилјареал, БАТЕ – Арсенал, Галатасарај – Бенфика.