Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Со дуелите помеѓу Феникс и Лејкерс, односно Голден Стејт и Портланд заврши предсезоната во НБА.
Феникс победи против Лејкерс со 98:94, а најдобри во тимот на Феникс беа Лен со 16 и Ворен со 15 поени.
Кај Лејкерс беше најдобар Расел со 17 поени, 7 скокови и 6 асистенции.
Во последниот натпревар Голден Стејт успеа да победи против Портланд со 107:96. Одличен беше тандемот Кари-Дурант. Тие заедно постигнаа 63 поени.
Кари имаше 35, а Дурант 28 поени.
Новата сезона започнува ноќта помеѓу вторник и среда.