Заврши серијата на Атлетико: Вакво нешто не им се случило 1.683 денови!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Атлетико по 12 кола е 6-то место во Примера со 21 бод, 9 помалку од Реал, кој во сабота ги победи со 3:0.

    Поразот од Реал беше втор во низа за тимот на Симеоне. Претходно од нив подобар беше Реал Сосиедад со 2:0.

    А два порази по ред Атлетико не памети од април 2012, односно 1.683 денови или дури 170 натпревари.

    Интересно е што и тогаш во вториот натпревар ги победи Реал, со 4:1 на „Висенте Калдерон“ со хет-трик на Роналдо, кој беше повторно одличен против нив.

    На прекин на негативната низа Атлетико се надева во недела кога гостува кај Осасуна.