Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Валенсија, Симоне Заза одбил богата понуда од Кинеската Супер лига. Според „Супердепорте“ фудбалерот добил понуда од неименуван клуб, но се шпекулира дека тоа бил Гвангжу Евергранде.
Сепак, 27 годишниот италијански интернационалец сакал да се врати во Серија А наместо да се пресели во Кина.
Заза се поврзува со Милан, Сампдорија, Торино и Сасуоло, но никој од овие клубови не нуди 30 милиони евра.
Валенсија за него плати 18 милиони евра за да го донесе од Јувентус, а сезоната што измина напаѓачот постигна 13 погодоци на 33 натпревари во Ла Лига.