Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Еден од најдобрите играчи на ракометниот клуб Охрид, Јосип Кежиќ ќе го напушти градот под Самуиловите тврдини и кариерата ќе ја продолжи во грчкиот клуб ПАОК.
Хрватскиот интернационалец кој повеќе од две сезони е еден од клучните играчи на охридскиот клуб сам побарал исписница од клубот.
Тоа го потврди и тренерот на РК Охрид, Горан Андоновски кој на својот фејсбук профил напиша дека Кежиќ ја добил потребната исписница.