Заминува од Англија – Клатенбург доби примамлива понуда


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марк Клатенбург доби интересна понуда од МЛС лигата.

Клубовите од САД минатите години потрошија многу пари за донесување на познати играчи, а сега се подготвени да отидат и чекор понатаму, па да ангажираат и еден од најдобрите судии во светот.

Според медиумите, наскоро во МЛС лигата би можел да змаине Марк Клатенбург кој наводно добил неверојатна понуда.

Тој суди во ПЛ од 2004 година, а во својата кариера има голем број на награди.

Минатата година судеше на финалето на ЕП, ЛШ и ФА купот, а на свечената церемонија за светски фудбалски награди беше прогласен за најдобар судија во 2016 година.