Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хавиер Занети имаше неверојатна кариера, која траеше над две децении, а тајната на неговиот успех е физичката подготвеност.
Прославениот капитен на Интер откри како изгледал неговиот режим на вежби и што правел за да остане во форма.
„Силата секогаш беше важен дел од мојата кариера. Кога дојдов во Италија во 1995 година почнав да работам на силата. Фудбалер со силни мускули има многу поголеми шанси да спречи повреда. Редовно играв по два натпревари неделно, но никогаш не ги пропуштав тренинзите за сила во понеделник. Кревав преку 500 кг со двете нозе, односно успевав и по 310 кг да кренам со една нога“, откри Занети.
Инаку, Занети во кариерата одигра над 1.100 натпревари.