Започнаа преговори за трансфер на Миралем Пјаниќ


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ следното лето би можел да го направи трансферот на кариерата.

Со одличните игри во дресот на „старата дама“ босанскиот фудбалер привлече големо внимание од најсилните европски клубови, а шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид во него гледа идеална замена за Лука Модриќ.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез најави големи промени за следната сезона. Клупата речиси сигурно ќе ја напушти Зинедин Зидан, а нема да бидат поштедени ни дел од играчите.

„Дон Балон“ пишува дека Пјаниќ е една од најголемите желби на Реал Мадрид за летниот преоден рок.