Започнува походот кон топ 200: Одличен старт на Ѓорческа во Валенсија!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Од денес започна турнирот во Валенсија кој се игра за награден фонд од 25.000 долари

    Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа е 3-та носителка на турнирот и успешно го започна истиот со победа во првото коло.

    Во натпреварот против Башак Ерајдин од Турција, Лина играше одлично и стигна до победа со 6:2 и 7:5 за 1 час и 28 минути.

    Во текот на натпреварот, Лина Ѓорческа имаше одличен сервис, односно на прв сервис имаше 65.8% успешно освоени поени додека на втор сервис таа имаше одлични 55.2% успешно освоени поени за разлика од нејзината противничка која имаше само 33.3% успешно освоени поени на втор сервис.