Заработува милиони во Сити, а мајка му нема пари леб да јаде!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Нолито се покажа како полн погодок за Манчестер Сити. Тој со своите игри ги стави во сенка ѕвездите кои дојдоа со многу поголеми амбиции во ПЛ, а иако заработува неделно по 110.000 евра, тоа позитивно не се одразува на животот на неговата мајка во Шпанија.

    Мајката на еден од главните играчи на Сити за живот заработува со просење пред супермаркет, а откако нејзиниот лош и тежок однос со синот кулминирал таа реши да ја отвори својата душа на медиумите.

    „Ми рече, оди по ѓаволите. Ако сакаш да крадеш, кради. Ако сакаш да просиш, проси. Тешко ми е.“

    Шпанецот нема милост кон жената која го донела на светот и престанал да и плаќа кирија.

    „Морав да влезам во оваа дупка бидејќи немаше друго решение. Се е преполно со ѓубре и глувци.“

    Медиумите пишуваат дека мајката на Нолито во младоста морала да го остави поради затвор, а таа наводно била и зависна од дрога.