Засилување во екипата на Лестер пред натпреварот со Порто


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Англискиот шампион Лестер денеска ќе го игра својот прв домашен натпревар од Лигата на шампионите во историјата на клубот.

    На Кинг Пауер гостува Порто, кој во минатото ја освои Лигата на шампионите, и нема сомнение дека пред нас е интересен и неизвесен меч.

    Тоа што го радува Клаудио Раниери е враќањето на Каспер Шмајхел после повреда.

    Данскиот голман од првата минута ќе го заземе местото меѓу стативите на Лисиците и тоа ќе биде големо засилување пред овој важен меч. Во отсуството на Шмајхел местото прв голман го доби Зилер, кој баш и не се прослави.