Засилување во тимот: Надал добива уште еден тренер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Карлос Моја, кој минатата година работеше со Милош Раониќ, е нов член на тимот на Надал. Тоа е прв пат во кариерата Рафа да има уште еден постојан тренер, освен чичко му Тони.

„Многу сум возбуден што можам да објавам дека Карлос Моја ќе му се приклучи на мојот тим и ќе работи заедно со Тони и Франсис. Многу е посебно тоа што ќе го имам Карлос покрај мене.“

Моја беше ментор на Надал во раната фаза на кариерата, двајцата се од Мајорка и се многу добри пријатели.

„Тони ме повика и беше одлично да се добие тој повик. Сигурен сум дека ова ќе биде одличен проект, со Тони, Франсис и останатиот тим. Рафа е посебен играч и пред се одлична личност и пријател.“

Тони Надал изјави дека тој го повикал Моја во моментот кога Карлос престанал да работи со Раониќ, како и дека се радува дека Моја ќе помага и околу Академијата.

„Ова е вистински момент за него да се приклучи во нашиот тим.“

Моја во текот на професионалната кариера освои 20 титули, вклучувајќи го и Ролан Гарос од 1998 година.