Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Ред Бул Лајпциг со 2:0 славеше на гостувањето кај Хамбургер во воведниот натпревар од третото коло во германската Бундеслига.
Лајпциг беше за нијанса подобар противник од домашниот тим, а отпорот го скрши дури во 67. минута кога Наби Кеита со вистински проектил го отвори резултатот.
Конечниот резултат го постигна Тимо Вернер кој е во извонредна голгетерска форма само осум минути подоцна. Вернер во репрезентативната пауза во дресот на Германија постигна три погодоци на натпреварите против Норвешка и Чешка.