Затоа се посебни: Погледнете ја реакцијата на навивачите на Ливерпул кога Кариус влезе во игра (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На нешто повеќе од два месеци од финалето на Лигата на шампионите каде Кариус со две катастрофални грешки го оддалечи Ливерпул од врвот, Германецот доби овации од преполниот „Енфилд“.

Во Ливерпул пристигна Алисон Бекер од редовите на Рома и без сомнеж тој ќе биде првиот избор на Клоп за следната сезона.

Бекер беше заменет на натпреварот против Торино, а на негово место влезе Лорис Кариус. Реакцијата на публиката на „Енфилд“ сама говори за тоа колкава поддршка има германскиот чувар на мрежата.