„Зашто не ми свират прекршоци?“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Плејмејкерот на Њујорк, Дерик Роуз смета дека не добива доволно почит кај судиите. Роуз во поразот од Торонто постигна 21 поен, но изведе само 2 слободни фрлања.

    „Загрижен сум бидејќи не ми свират прекршоци. Одам да пробивам на ист начин како и сите, но свирчето не се слуша, велат дека се фрлам во противниците. Ако сум бил побрз и ако нивните раце не стојат вертикално мислам дека е тоа прекршок ако постои контакт.“

    Плејмејкерот на Њујорк оваа сезона изведува само по 2.4 фрлања по натпревар.

    „Судиите ми велат дека не гледаат прекршоци. Ги има тројца, не разбирам како тие тројца не гледаат дека паѓам на под, не разбирам зошто тоа не е прекршок.“

    Њујорк има 3-6 скор, а 29-годишниот Роуз во досегашниот дел од сезоната постигнува по 16 поени, 4.2 скокови и 4.8 асистенции.