За Гатузо нема спас: Пет имиња се на листата за негов наследник!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан во изминатото коло од Серија А одигра без погодоци со Фросиноне, што е петти врзан меч без триумф за „Росонерите“.

Преку два месеци не знаат за погодок во првото полувреме, проблемите се нижат и се чини дека се помалку време има за Џенаро Гатузо.

Тој по најновиот кикс изјави дека не се плаши за работата и дека сето тоа е дел од играта, но притисокот на легендата на клубот од „Сан Сиро“ е се поголем.

Како што пренесува „Газета дело Спорт, поведата против Спал во следното коло можеби нема да биде доволна за останувањето на Гатузо на клупата на саканиот клуб“.

Оддржа Рино и состанок со спортскиот директор Леонардо и Паоло Малдини, ако слави против Спал постои шанса да остане на клупата, но доколку дојде до бод или не освои ниту еден, ќе ја заврши својата епизода на клупата на „Росонерите“.

Составена е како што се наведува листа на тренери кои на „Сан Сиро“ би можеле да го наследат, на неа се наоѓаат дури пет имиња.

Во прашање се Арсен Венгер, Роберто Донадони, Франческо Гвидолин, Паула Соуса, но и актуелниот спортски директор на клубот, Леонардо. Бразилецот како тренер веќе работеше во Милан, но и во Интер, а го предводеше и турски Анталијаспор.