„За мене ова не е фудбал!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е згрозен од примената на технологијата во фудбалот.

На Светското клупско првенство беше одлучено да се користи видео технологија при донесување на одлуки, а денес тоа предизвика забуна при голот на Роналдо.

Модриќ се надева дека таа технологија повеќе нема да се користи.

„Искрено не ми се допаѓа. Сметам дека видео технологијата предизвикува големи забуни и се надевам дека ова правило нема да се применува. За мене тоа не е фудбал.“

Реал ќе игра во финалето на клупското првенство, а за противник ќе го имаат тимот на Кашима.