За првпат по Мундијалот: Меси вторпат прави кам бек во Аргентина…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот аргентински фудбалер, Лео Меси ќе се врати во репрезентацијата девет месеци по разочарувачкиот настап на СП во Русија.

Напаѓачот на Барселона ќе игра на 22. март против Венецуела во пријателскиот меч во Мадрид, што ќе му биде второ враќање меѓу „Гаучосите“ во текот на репрезентатината кариера.

Меси не играше за Аргентина уште од поразот во осминафиналето на Мундијалот од шампионот Франција, сакаше да се фокусира на обврските во Барселона и сега процени дека е време повторно да го облече дресот на Аргентина, пренесуваат тамошните медиуми.

Поволна околност за него е што не мора да патува бидејќи Аргентина со Венецуела ќе се состане на мадридскиот стадион „Ванда Метрополитано“.

Меси 128 пати настапи за Аргентина, пред него се само Хавиер Маскерано и Хавиер Занети, а со 65 погодоци е рекордер пред Батистута.

Сепак, голема рана му е што со „Гаучосите“ загуби дури четири финалиња, едно на Мундијалот и трипати во рамки на Копа Америка.