За Рабио трпение спасение: Стигна понуда, а Каталонците бараат трпение од Французинот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на ПСЖ донесе одлука. Подготвен е да чека на трансфер за соодветна финансиска понуда.

Тежок удар ќе му зададе Адријен Рабио на клубот во кој се проби, бидејќи сега повеќе од јасно е дека ПСЖ нема да успее да заработи на својот играч за врска.

„Светците“ најпрво отидоа на карта за продолжување на соработката, потоа се помирија со фактот дека Рабио сака да замине, но се надеваа дека во јануарскиот преоден рок ќе успеат да заработат од неговиот трансфер.

Работите не стојат добро за францускиот шампион, Рабио изгледа пресече и не сака да ги разгледува понуди кои на ПСЖ би му донесе финансиски профит.

Барселона со своето име и добрите преговарачки способности успеа да го убеди Рабио дека треба да биде трпелив и да го почека летото.

Сценариото е познато, а изгледа и сумата која ќе легне на сметка на играчот за врска на ПСЖ додека на лето како слободен играч премине на „Камп Ноу“.

Телефут пишува за 10 милиони евра кои Адријен Рабио ќе ги наплати доколку како слободен играч стави параф на договорот со Барселона.

Без сомнеж е дека договорот ќе биде одличен, па и не е чудно што Рабио прифати шестмесечно трпение.

ПСЖ неодамна соопшти дека Рабио нема да биде во тимот додека ваквата ситуација е на сила, а евидентно е дека ќе остане актуелна се до завршување на тековната сезона кога Французинот како слободен играч ќе го напушти „Паркот на принцовите“.