Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Карпош Соколи ја победија Унион Олимпија на гости со 92:97.
Во првата четвртина соколите успеаа да стекнат предност од 7 поени, 13:20. До крајот на првите десет минути од натпревар Унион Олимпија успеа да направи пресврт, 24:23.
Во втората четвртина се разиграа кошаркарите на Карпош Соколи. Стигнаа до првата двоцифрена предност во натпреварот, 28:39. На полувреме заминаа со предност од девет поени, 42:51.
Соколите ја одржуваа предноста во третата четвртина подолг период. Пред влезот во последните десет минути од натпревар Унион Олимпија направија серија која намалија на еден поен, 71:72. Со резултат 71:74 се влезе во последната четвртина.
На почетокот на последната четвртина домашните стигнаа до водство, 75:74. Унион Олимпија стигна до четири поени предност пред последните минути од натпреварот. Со погодената тројка на Трајковски 50 секунди пред крајот на натпреварот, соколите имаа предност од еден поен, 92:93. Во нападот на Олимпија, Зековиќ го блокира Џеферсон и потоа погоди две слободни фрлања, 92:95. Зековиќ го реши натпреварот и му донесе победа на Карпош Соколи, 92:97.
Зековиќ со 15 поени го предводеше Карпош Соколи до победа. Лабовиќ постигна 14, Вркиќ и Пери по 13 поени. Оливер беше најефикасен кај Олимпија со 30 поени.