Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо очигледно не верува премногу во Шпанецот па е време за разделба.
Според информациите на Дејли Меил, Хуан Мата е многу баран оваа сезона.
Шпанецот не се вклопи во стартната постава на Јунајтед, Мурињо го користи од време на време, а тој сака да игра од првата минута.
Тоа би можело да му го обезбеди Арсенал, бидејќи неговиот сонародник на клупата на „Топчиите“, Унаи Емери исклучително ги почитува неговите квалитети.
Тие двајца соработуваа во Валенсија каде 30-годишниот играч за врска го привлече вниманието на бројните европски екипи, и заработи трансфер во Челси.
На Мата договорот му истекува следното лето, па од јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните страни.
Лондонскиот тим би сакал да го земе веќе во јануари, ќе плати одредена обештета, но тоа нема да биде ниту приближно со неговата цена на пазарот.