Зборови да се наежиш: Марез низ солзи за сопственикот на Лестер и синоќешниот гол посветен нему


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Крилниот напаѓач на „Граѓаните“ веќе во 6. минута на синоќешниот меч му донесе предност на својот тим, по фантастичната асистенција на Стерлинг. Тоа беше единствениот гол на мечот, а јунакот на истиот овој гол го посвети на жртвите од несреќата во Лестер, особено на сопственикот кого Марез одлично го познаваше.

Англија и натаму е потресена по несреќата која се случи во саботата вечерта, а во која по падот на хеликоптерот загинаа 5 лица, меѓу кои и сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер.

Вичај Шривадхнапабха успеа да испише „фудбалска бајка“ со Лестер во сезоната 2015/16. Ријад Марез беше дел од таа бајка, тоа остварување на сонот, а можеби беше и најважен дел од тој шампионски тим.

„Беше многу, многу тешко за мене. Не можев да спијам“, започна Марез.

„Шефот беше специјална личност за мене. Минав четири и пол години таму и имав многу убави спомени со него. Тој беше толку добра личност, имаше огромно срце. Ме шокираше и тотално ме скрши кога ја слушнав веста за сите луѓе кои загинале со него. Јас сум со Лестер и со семејствата на тие жртви“.

Марез во Лестер пристигна во 2014. година од Ле Хавре за само 400 илјади фунти. Беше играч на сезоната во таа шампионска сезона за „Лисиците“. Ова лето го напушти клубот и премина во Манчестер Сити за 60 милиони фунти.

„Кога постигнав гол, покажав со рацете кон небото, поради него. Тој направи доста за мене додека бев во Лестер и тешко е да се зборува за тоа. Секогаш сакав да играм. Иако не можев да спијам изминативе денови, знаев дека и тој би сакал да играм. Него фудбалот го исполнуваше. Беше тешко, константно размислував за него“, потенцираше Алжирецот.