Зделка на векот: Дојде бесплатно, си оди за околу 50 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потенцијалот не беше тајна додека играше за Фулам, па со оглед на тоа фудбалската планета се шокираше кога тој за свој иден клуб го избра Селтик. Уште тогаш многу клубови од ПЛ го видоа неговиот капацитет, па сега кога има 20 години можеби е веќе крајно време да избере за себе некој поголем клуб.

Според информациите кои оваа ноќ извираат од Скај Спорт, Челси сериозно загриза за Муса Дембеле!

Идејата во Челси ја има одамна, тој е следен од нивните скаути уште кога го носеше дресот на Фулам, кога за Дембеле се интересираше и Тотенхем. Тогаш Селтик не плати ништо, но сега после 20 погодоци на 38 натпревари, цената е драстично променета.

Скај наведува дека Селтик никако не сака да го даде Дембеле оваа зима, и дека во тоа ќе ги предомисли само понуда од која ќе паднат на колена.

Според некои шпекулации, Челси е спремен да исплати дури 47 милиони евра за овој играч.