Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот тренер Зинедин Зидан, по враќањето на клупата на Реал Мадрид, успеа уште во првиот меч да оствари победа и тоа против Селта виго со 2-0.
Сепак, има многу работи кои треба да се поправат во играта на „кралевите“, а тоа го потврди Зидан овие денови, откако кажа дека фудбалерите мора да трчаат и повторно да ја земат топката, откако ќе ја загубат.
„Кога ја немате топката, мора да трчате за да ја вратите“, јасно кажа тренерот на Реал.
Таа изјава Зидан ја повторуваше цела недела пред мечот со Селта и тоа можеше да се забележи во мечот против Селта. „Кралевите“ беа поагресивни кога топката не беше во нивни посед и тоа вроди со плод.
Французинот бара многу повеќе од фудбалерите и на тренинзите, а им порача до крајот на сезоната да импресионираат со играта бидејќи во спортивно ќе треба да се ослободи од тие кои ќе го разочараат.