Зидан го отпиша Куртоа, Реал Мадрид купува нов голман!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот тренер Зинедин Зидан неделава го презема Реал Мадрид и сака да направи големи промени во тимот по лошата сезона.

Неговиот второ тренерско деби на клупата на Реал вчера помина многу добро бидејќи со головите на Иско и Герет Бејл беше совладана Селта со 2-0.

Зидан во првиот тим ги врати Марсело, Бејл, Иско, па Реал конечно заигра како што се очекува, но во секој случај на лето ќе добие нови засилувања.

Целта е да се купат барем две големи ѕвезди, како Еден Азар, Килијан Мбапе, Кристијано Ериксен или некоој друг фудбалер, а сега се појави вест дека Зидан сака и нов голман.

Тибо Куртоа ја разочара управата на „кралевите“, иако дојде како големо засилување летоска од Челси, па Зидан на голот го врати Кејлор Навас, а сега размислува за нов голман.

Претходна желба на „кралевите“ беше Давид де Хеа и токму Шпанецот е голема желба и сега на претседателот Флорентино Перез и Зидан.

Јунајтед во моментов преговара со Давид де Хеа за нов договор, а Реал е подготвен да плати огромно богатство само за да го ангажира.

И Де Хеа претходно призна дека му недостига Мадрид, но не може лесно да се очекува дека одличниот голман на лето ќе се пресели во Реал.