Зидан е воодушевен од еден фудбалер и го сака во Реал Мадрид


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Францускиот стратег на клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан бил фасциниран од еден фудбалер на Ливерпул.

    Станува збор за Филипе Кутињо кој игра навистина одлично оваа сезона во дресот на клубот од „Енфилд“.

    Сепак, Кралевите имаат два проблеми кога станува збор за реализација на овој трансфер. Првиот проблем е тоа што не можат да доведат фудбалер во следните два трансфер периоди поради забрана од ФИФА, а вториот проблем е тоа што за Кутињо е заинтересирана и за Барселона.

    Каталонците веќе долго време се заинтересирани за Бразилецот и вложуваат максимални напори за да го доведат. Ќе видиме дали Реал ќе се вклучи во трката за фудбалерот чија игра исклучително ја цени Зинедин Зидан.

    Кутињо оваа сезона настапи во 11 натпревари во Премиер лигата и постигна пет гола и запиша пет асистенции.