Зидан: Нема повеќе заминувања од тимот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна дека ниту еден играч нема да го напушти клубот пред да се затвори трансфер периодот.

Ова практично значи крај на шпекулациите за заминување на Герет Бејл од редовите на „Кралскиот клуб“ и враќање во Англија.

Реал Мадрид ова лето го напуштија шест играчи меѓу кои и Алваро Мората, Хамес Родригез, Пепе и Данило.

Во клубот пристигнаа само младите и талентирани фудбалер Тео Хернандез и Дани Себаљос.

Зидан за официјалниот веб сајт на клубот истакна дека е задоволен со составот, но нагласи дека можно е да се случи уште некој трансфер до крајот на летото.

„Одиме ден за ден. Јас сум многу среќен со составот и сите играчи. Сметам на сите и сите ќе останат во клубот. Сепак трансфер пазарот не го контролирам јас и се може да се случи до крајот“- коментираше Зидан.