Зидан не го сака голманот на Јунајтед!

Реал Мадрид, Зидан се противи на доаѓањето на Де Хеа во тимот.

Шпанскиот голман во лето би можел да премине во Реал Мадрид од Манчестер Јунајтед, но Зидан не е за негово доаѓање.

Наводно Зидан и кажал на управата дека не го сака Де Хеа во тимот, а Перез ќе го послуша и ќе му дозволи тој да го одбере новиот голман.

Негови желби се Куртоа и Лорис, а ќе видиме дали ќе стигне некој од нив во Мадрид.

Де Хеа во 2015-та година беше на чекор од Реал, но трансферот поради административни проблеми пропадна. Тој има договор до 2019 година, а порасна во Мадрид.