Зидан: Не заслуживме победа, но не требаше да доживееме пораз

Фудбалерите на Реал Мадрид беа поразени против Еспањол, но нивниот тренер Зидан смета дека требало да биде поинаков резултатот.

Реал против Еспањол одигра лош натпревар во Примера, а казната следуваше во судиското продолжение, кога стрелец за Еспањол беше Морено.

„Почнавме добро и имавме шанса за гол, но во второто полувреме беше лошо. Еспањол имаше неколку шанси. Овој пораз боли, жал ми е за играчите поради лошиот резултат. Некогаш не е потребно да разбирате фудбал. Не заслуживме ниту победа, ниту пораз“, вели Зидан.