Зидан: Не можам да го замислам Реал без него


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги негираше сите шпекулации кои го поврзуваа Кристијано Роналдо со змаинување од клубот.

Неколку години наназад името на Роналдо се поврзува со трансфер во некој клуб, а најмногу се шпекулира за негово преминување во ПСЖ или Манчестер Јунајтед.

„Не можам да го замислам Реал Мадрид без Кристијано, воопшто не можам да го замислам тоа. Тој е играч на Реал Мадрид и сака да ја заврши кариерата овде. Не можам да го видам да игра на друго место“- коментираше Зидан пред натпреварот со Селта Виго во рамките од Ла Лига.