Зидан носи новини со себе: Крена раце од Погба, но најде одлична замена…?!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Со Зидан пристигнуваат и промените, се очекуваат неколку во играчкиот кадар во текот на летото, а потребни се и засилувања во сите линии на тимот.

Критична позција е играч за врска, се споменуваше на неа Сергеј Милинковиќ- Савиќ, потоа и Пол Погба, но далеку пореална опција е фудбалерот на Лион кој воодушеви оваа сезона, Тангуј Ндомбеле.

Овој 22-годишен фудбалер досега настапи на 25 натпревари во Лига 1 и 8 пати во Лигата на шампионите, а покрај Реал Мадрид околу него се фрлија и Манчестер Сити, како и ПСЖ.

„Никогаш како момче не сонував дека ќе бидам дел од вака голем клуб, дали е Реал, Барселона, Сити или некој друг клуб“, истакна ова младо момче.

Има договор до 2023. година, а се споменува дека францускиот тим би можел да го пушти дури за 80 милиони евра.