Зидан очекува повик од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пренесува дека Зинедин Зидан им се доверил на своите пријатели дека очекува да му биде понудена работата во Манчестер Јунајтед доколку Жозе Мурињо заработи отказ.

По заминувањето од Реал Мадрид, Зидан истакна дека е подготвен да работи повторно и ја избра Премиер Лигата како прва опција за него.

Наводно популарниот Зизу бил прв кандидат и на управата на Јунајтед доколку Мурињо добие отказ, па сега останува да видиме како ќе му тргне на Португалецот во новата сезона и дали од управата на клубот ќе чекаат многу за да му врачат отказ.