Зидан пред отказ, Реал испадна од Легањес


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Легањес вечерва приредија чудо во реванш натпреварот од четвртфиналето во рамките на Купот на Кралот совладувајќи го Реал Мадрид со 2:1.

Реал првиот натпревар го доби со минимални 1:0 и многумина веруваа дека вечерва лесно ќе поминат понатака, но Легањес не дојде со бело знаме на „Бернабе“.

Гостите во 31. минута ги шокираа „кралевите“ кога фантастичен гол постигна Ерасо.  Реал Мадрид израмни на самиот старт на второто полувреме преку Карим Бензема. Сепак, Легањес го имаше последниот збор затоа што само осум минути подоцна Габриел погоди за 2:1.

По овој отказ сериозно е разнишано и онака лабавото столче на Зинедин Зидан на клупата на „Кралевите“.