Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид беше поразен на домашен терен со 1:2 од Легањес, а по натпреварот Зидан ја даде својата изјава.
„Ги победивме во првиот натпревар, но потоа одигравме лош натпревар. Резултатот е чесен затоа што не го постигнавме тоа што го сакавме. Ова е неуспех и ја превземам одговорноста. Не разбирам како се случи тоа, не можам да го објаснам. Победивме со 1:0 во првиот натпревар, а на крајот сепак испаднавме. Дали сум лут на играчите? Не, лут сум само на себе“, изјави Зидан.
Реал испадна и од трката за титулата во Примера, а останува само борбата во ЛШ.
„Мораме да им се извиниме на навивачите и да се посветиме на ЛШ. Позицијата ми е загрозена и ако не го победиме ПСЖ тоа ќе биде голем удар и најверојатно ќе заминам од Реал“, додава Французинот.