Зидан убеден: Роналдо синоќа ја заврши приказната за Златната топка


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Кристијано Роналдо синоќа го предводеше Реал Мадрид до победа на гостувањето против градскиот ривал, Атлетико Мадрид.

    Реал Мадрид славеше со 3:0, а Роналдо постигна хет-трик. Португалецот беше брилијантен во овој натпревар, а тоа особено го воодушеви менаџерот Зинедин Зидан. Францускиот стратег изјави дека Роналдо на синоќешниот натпревар ги решил сите сомнежи за Златната топка.

    „Никогаш не се сомневав дека Роналдо е најдобар, но синоќа ја заврши дебатата за тоа кој ќе ја освои Златната топка. Со својот брилијантен настап покажа дека е најдобар на светот и сигурен сум дека ќе ја освои Златната топка“, изјави Зидан.

    Зидан додаде дека е горд на својот тим што полесно од очекуваното успеа да го совлада Атлетико Мадрид. Сепак, францускиот стратег додаде дека има уште многу натпревари до крајот, и дека се надева дека неговиот тим ќе игра уште подобро.