Зидан ја доби првата понуда, но дали ќе ја прифати?


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Зинедин Зидан деновиве ќе биде главна тема во светските медиуми, а англискиот гигант Челси, наводно, воспоставил контакти со него.

Антонио Конте ќе замине од екипата летово и ќе добие 12 милиони евра, а „сините“ во моментов преговараат со Лоран Блан и Маурицио Сари.

Но, наводно ќе се обидат да го убедат Зинедин Зидан да го преземе кормилото, иако се мали шансите да се согласи Французинот на тоа.

Зидан сака да се повлече некое време од фудбалот, а само повик од репрезентацијата на Франција би го сменила неговото мислење.