Зинедин Зидан испрати порака до Иско и Бејл кои му го свртија грбот минатата сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познато е дека Зинедин Зидан во првиот мандат на клупата на Реал Мадирд имаше проблем со Бејл и Иско кои исто така не беа во преден план и кај преостанатите тренери на „кралскиот клуб“.

На прес конференцијата пред натпреварот со Селта, неизбежно беше прашањето до Зидан што ќе се случи токму со овие двајца фудбалери.

На тоа Зидан даде многу искрен одговор со кој потенцираше дека и двајцата ќе добијат шанса од него.

„Иско само сака да игра фудбал. Тука сме да размислуваме за фудбалот. Сметам на Иско и на другите играчи, а важно е секој од нив да се чувствува вклучено во тимот“ –истакна Зидан, а потоа продолжи.

„Не сакам да зборувам за сезоната на Бејл до сега, пред нас има 11 натпревари и јас сметам и на него. Тој е подготвен за игра“ –истакна Зидан.