„Златан ги замолчи критичарите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Манчестер Јунајтед Фил Џонс рече дека Златан Ибрахимовиќ ги замолчи критичарите во Премиер лигата.

Швеѓанецот во оваа сезона постигна 26 голови на 38 натпревари, а во финалето на Купот во неделата постигна два гола во победата од 3:2 над Саутемптон.

“Тој е фантастичен. Многумина се сомневаат кога дојде, но сите ги замолчи сега. Има одличен карактер во соблекувалната и фантастичен професионалец е. Ги заслужува сите пофалби. За своја висина, одлично се движи без топка. Во воздух е тешко против него. Тој е кошмар за дефанзивците“, рече Џонс.

Во  Премиер лигата Јунајтед моментално е шести на табелата со 48 бододи, пет помалку од второпласираниот Тотенхем.